Легендата на српската кошарка Александар Саша Ѓорѓевиќ ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Италија.
Ѓорѓевиќ, кој во моментов е селектор на Кина, се очекува да го замени Џанмарко Поцеко на клупата на Италија, откако Поцеко, пак, неодамна го презеде Асвел.
Ѓорѓевиќ претходно во минатото, од 2013 до 2019 година беше селектор на Србија со која освои европска вицешампионска титула, светска вицешампионска титула и сребро на ЛОИ. Беше тренер и на Виртус Болоња, Фенербахче и Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

