Саша Ѓорѓевиќ со трогателно збогум до својот учител, Душко Вујошевиќ

Бројни спортски работници се збогуваат со легендарниот Душко Вујошевиќ кој почина денеска на 67 години во Белград. Александар Ѓорѓевиќ испрати една од потрогателните пораки.

Вујошевиќ го вклучи Ѓорѓевиќ во првиот тим на Партизан и имаше голема улога во неговата извонредна кариера.

Ѓорѓевиќ напиша трогателна порака на социјалната мрежа „X“.

„Почивај во мир, Дуле. Твојата уникатност ќе остави голема празнина во кошарката. Твоите играчи, сите спортски пријатели никогаш нема да те заборават. Ти благодарам тренеру, почивај во мир“, напиша Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...