Српскиот тренер Саша Обрадовиќ, сосема неочекувано, доби отказ на клупата на Монако.
Монако, на претходните два натпревари во Евролигата, загуби од Црвена Звезда, но го поправи впечатокот против Басконија, за да киксира во домашното првенство против екипата на Ле Ман. Тоа било пресудно раководството на клубот да му врачи отказ.
Обрадовиќ сезоната во Евролигата ја почна со скор од шест победи и четири порази. За него ова беше второ преземање на клупата на Монако откако претходно го водеше тимот и во 2019 и 2020 година.
Во сезоната 2022/23 се врати повторно како тренер на клубот и ги однесе до Ф4 турнирот од Евролигата кој се играше во Каунас. Завршија на третата позиција откако ја победија Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА