Саша Обрадовиќ го спореди Мајк Џејмс со Дражен Петровиќ

Бекот на Монако, Мајк Џејмс наскоро ќе стане кошаркарот со најмногу постиигнати поени во Евролигата надминувајќи го рекордот кој е во сопственост на Василис Спанулис.

Голема е веројатноста дека Американецот ќе постави нов рекорд веќе на следниот натпревар против Црвена Звезда, па искусниот 33-годишник беше тема на разговор и за тренерот Саша Обрадовиќ пред натпреварот против неговиот поранешен клуб.

Српскиот стратег имаше само пофални зборови за Џејмс притоа споредувајќи го со легендарниот Хрват, Дражен Петровиќ.

„Мислам дека рекордот кој ќе го постави треба да дојде заедно со тимскиот успех. Се надевам дека ќе биде МВП сезонава, но се надевам дека и индивидуалниот успех ќе го следи и тимскиот бидејќи ако не ги спои овие две работи, тогаш ќе биде карактеризиран како многу добар, но не најдобриот.

Оддамна не сум запознал човек како него. Има неверојатни кошаркарски способности, а е и голем работник, исто како и Дражен Петровиќ. Работи повеќе отколку другите и затоа е тоа што е. Има многу малку луѓе како Мајк“, изјави Обрадови.

Се вчитува...