Кошаркарот на Олимпијакос Саша Везенков е прогласен за најкорисен играч (МВП) во сезоната 2022/23 во Евролигата.
Бугарскиот репрезентативец сезонава имаше по 17,2 поени по натпревар, а неговиот просечен индекс на корисност беше извонредни 21,2.
Зад себе има одлична сезона. Го предводеше Олимпијакос до првото место во лигашкиот дел од сезоната, а потоа и во четвртфиналето во одличната пресметка со Фенербахче.
„Тоа е голема чест за мене, но ова не менува ништо. Ќе бидам истата личност која работи напорно и се обидува да оди напред. Ова е тимски спорт, ако вашиот тим не е на високо ниво, не можете ни вие. Ова е само дополнителен мотив да продолжам да работам и да си докажам дека можам да бидам константен. Во спортот најтешко е да се биде постојан, се надевам дека ова е само почеток“, рече Везенков.
𝗦𝗔𝗦𝗛𝗔 𝗩𝗘𝗭𝗘𝗡𝗞𝗢𝗩 𝗜𝗦 𝗬𝗢𝗨𝗥 𝟮𝟬𝟮𝟮-𝟮𝟬𝟮𝟯 𝗘𝗨𝗥𝗢𝗟𝗘𝗔𝗚𝗨𝗘 𝗥𝗘𝗚𝗨𝗟𝗔𝗥 𝗦𝗘𝗔𝗦𝗢𝗡 𝗠𝗩𝗣! 🏆
Vezenkov led the league in PIR with a average of 21.2 per game and led the league in points per game averaging 17.2 points 🔥
Congratulations Sasha!#F4GLORY pic.twitter.com/5pTJAl13Lp
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА