ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станиќевски, Роберт Спасовски
Бројни македонски спортисти може да се забележат во центарот на Букурешт, каде атмосферата „врие“ пред денешниот дуел со Австрија, прв за нашата репрезентација на ЕВРО 2020.
Меѓу нив е и Сашко Пандев, братот на нашиот капитен Горан Пандев, и самиот долгогодишен фудбалер во неколку македонски прволигаши. Како и сите останати, и Сашко Пандев зрачи со оптимизам и верба дека ова премиерно учество на Македонија на големите натпреварувања нема да биде само со епизодна улога.
„Среќни сме што сме овде, но не се задоволуваме само со пласманот на ЕВРО 2020. Сигурен сум дека ова европско првенство ќе го паметиме и по одлични резултати“, изјави Сашко Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА