Сасуоло го шокираше Интер во Милано

Интер доживеа огромен шок на „Џузепе Меаца“ откако загуби од Сасуоло со 1-2 и ги сведе на теорија шансите за пласман во Лигата на шампионите. Доколку утре Лацио има успех против Кротоне, надежта на „нероаѕурите“ за влез во елитното натпреварување ќе заврши.

На овој натпревар избраниците на Лучијано Спалети пропуштија огромен број шанси, а на крајот тоа им се одмазди. Политано и Берарди беа стрелци на головите со кои Сасуоло поведе со 0-2, а во финишот Рафиња постигна почесен гол за Интер.

Се вчитува...