Шампионот Милан го одигра вториот нерешен натпревар во четвртото коло во Серија „А“. Првакот на Италија никако не можеше да го најде патот до голот, а може да се каже дека и се спаси со оглед дека домашните во првиот дел промашија пенал.
Сасусоло имаше голема шанса во 23. минута кога ударот од белата точка го одбрани Мањан, а да малерот биде поголем, Берарди тешко се повреди во вториот дел па мораше предвреме да ја заврши средбата.
Кај Милан по долго време се врати Кјер, а Пиоли ги чуваше силите за дербито со Интер. Во вториот дел ги уфрли во игра и Месиас, и Де Кетелар, но без успех. Милан имаше неколку полушанси во вториот дел кој не ги искористи, и така пропушти да го казни Сасуоло за промашениот пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА