Сасуоло со стил до билет за враќање во Серија А

Сасуоло е првата екипа што обезбеди промоција од Серија Б во Серија А за наредната натпреварувачка сезона откако овој тим импресивно ја одигра сезонава во втората италијанска лига.

Денешното реми меѓу Специја и Мантова значеше дека Сасуоло на пет кола до крајот го осигура својот камбек во елитата, апсолутно засилужено ако се знае дека оваа екипа доминираше во досегашниот дел од Серија Б. Впрочем, Сасуоло досега има 75 бода по 33 комплетирани рунди, најмногу во историјата на Серија Б во овој дел од сезоната.

Најзаслужен за големиот успех е поранешниот италијански репрезентативец Доменико Берарди. Напаѓачот покажа лојалност останувајќи во Сасуоло и кога тимот испадна од елитното друштво, одби бројни понуди од прволигаши за сега да помогне, како најдобар стрелец и асистент Сасуоло повторно да биде дел од Серија А.

Берарди досега има 395 натпревари во дресот на Сасуоло, притоа постигнувајќи 148 гола и 106 асистенции за овој тим.

Се вчитува...