Сасусоло ја „наполни“ Верона и се доближи до Европа (ВИДЕО)

Убедлива победа на Сасуоло во дуелот со „фенерџијата“ Верона во 26. коло во Серија „А“. Со тоа домаќините се доближија до можноста да играат во Европа, додека Верона со едната нога веќе е во Серија „Б“, закована на последното место.

Пинамонти во 40. минута донесе предност за домашните. Неговиот удар закачи некој од одбраната, го смени правецот и Монтипо остана немоќен. На 2-0 зголеми Берарди. Откако промаши пенал, сепак, топката се одби до него, па од втора успеа да донесе 2-0. 

Во вториот дел уште еден гол на Берарди. Излезе во противнапад сам пред голот на Верона, за да постигне и трет гол. Верона во 85. минута остана и со играч помалку, откако беше исклучен Мусрати.

Се вчитува...