Винициус Жуниор е блиску до потпис на нов договор со Реал Мадрид, но има клуб кој ќе сака да ја расипе таа работа и тоа за огромни пари.
Уште порано интерес за Вини имаше од клубови надвор од европскиот континент, особено од Саудиска Арабија, меѓу кои и Ал Хилал.
Сега клубот од Саудиска Арабија е подготвен да му понуди уште повеќе пари на Винициус отколку во претходните обиди. Заедно со Вини во Хилал го сакаат и Карло Анчелоти. Жорже Жесус најверојатно ќе ја напушти клупата на шампионот на Саудиска Арабија и ќе го преземе Бразил поради компликациите на тамошната федерација во договорот со Реал Мадрид. Сепак, бројката за Винициус е запрепастувачка во секој случај.
Имено, за Винициус од Ријад е подготвена понуда од вкупно 800 милиони евра во пакет. Тоа вклучува трансфер, плата и бонуси, така што ќе биде предизвик да се одбие таква понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

