Саудијците му го крадат Варан на Тен Хаг

Францускиот стопер Рафаел Варан е мета на саудискиот прволигаш Ал-Итихад, пишуваат француските медиуми.

Во моментов претставниците на овој тим од Џеда се во преговори со претставниците на 30-годишниот Варан, а многу е можно на Арапскиот Полуостров да замине и поранешниот светски шампион и освојувач на три Лига на шампиони.

Сепак, првиот контакт со Варан заврши неуспешно бидејќи Французинот изјави дека Европа му е приоритет во моментов.

Тимот од Џеда веќе формираше многу силен тим, во кој веќе се двајца француски интернационалци – Карим Бензема, кој долго време играше со Варан во Реал Мадрид и Нголо Канте. Тука е и поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо, како и Португалецот Жота.

Варан дојде во Јунајтед во летото 2021 година за обештетување од 70 милиони евра. Неговиот договор е до 2026 година.

Се вчитува...