Саудијците не запираат: Доаѓа и Нголо Канте!

Челниците на клубовите од Саудиска Арабија немаат намера да запрат со трошењето на неверојатни суми на пари за да доведат суперѕвезди од европскиот фудбал во своите редови. Прв нога повлече Кристијано Роналдо, денеска трансферот во Ал Итихад го комплетираше Карим Бензема, а се очекува нивните стапки да ги следи и Нголо Канте.

Францускиот играч за врска исто како и Бензема летово станува слободен играч а преговорите за нов договор со Челси веќе извесно време се стопирани. Тој има неколку понуди од европски гиганти на маса, но ниту една не е повисока од 10 милиони евра по сезона. Од друга страна, челниците на клубовите од Саудиска Арабија му нудат неверојатна плата од 100 милиони годишно за следните две сезони, што Канте сериозно размислува да ја прифати.

Се уште е неизвесно кој ќе биде новиот клуб на големиот борец на средината од теренот, дали тој ќе заигра крај Бензема во Ал Итихад или ќе му се приклучи на Роналдо во Ал Наср, но и на Канте му е јасно дека не треба да ја пропушти шансата да заработи богатство пред да ја заврши својата кариера.

Се вчитува...