Саудијците нема да штедат да ги донесат Салах, Де Брујне и Каземиро

Во Саудиска Арабија се подготвува уште едно трансфер лудило на лето. Заминувањето на Кристијано Роналдо, како и некои од играчите како Канте, Бензема, Марез, Фирмино, Милинковиќ-Савиќ… беше само најава на спектакуларните трансфери во оваа земја. Главниот мотив за заминување во оваа земја е пред се парите, кои ги даваат клубовите од оваа земја.

Меѓутоа на лето се очекува уште посилна офанзива во Премиерлигата. Според најавите од Англија, многу лесно може да се случи едни од најдобрите тројца играчи во англиската „елита“ Кевин Де Брујне, Мохамед Салах и Каземиро да станат дел од клубовите во Саудиска Арабија.

Иако овие играчи се веќе над 30 години, сепак, и натаму имаат што да кажат на фудбалот, па богатите понуди од оваа земја би можеле да ги примамат да заминат во оваа земја и добро да заработат.

Салах беше на праг да отиде во Саудиска Арабија и минатото лето, кога Ливерпул доби понуда тешка 250 милиони евра, но „црвените“ одбија.

Се вчитува...