Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо е пред преселба во Саудиска Арабија, пренесува „Скај спорт“.
Гатузо е без ангажман од почетокот на актуелнава година, последната негова активност беше во Валенсија каде не се прослави, па сега е пред ангажман во Саудиска Арабија.
Наводно се е веќе договорено со клубот од С. Арабија, а останува деновиве само официјализација на договорот. За Гатузо тоа би бил четврти ангажман надвор од Италија, по епизодите во Сион, ОФИ Крит и Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

