Ѕвездата на ПСЖ и освојувач на „Златната топка“, Усман Дембеле, е цел на клубовите од Саудиска Арабија пред летниот преоден рок.
Потенцијалниот трансфер веќе се најавува како „најголемиот договор во саудиската лига од доаѓањето на Кристијано Роналдо“. Договорот на Дембеле со ПСЖ е до 2028 година, но високи функционери во саудиската професионална лига наводно веќе подготвуваат исклучително профитабилна понуда за да го привлечат на Блискиот Исток.
Саудиската професионална лига веќе привлече голем број големи имиња како што се Роналдо, Карим Бензема, Нејмар и Садио Мане, а Дембеле е најновата голема ѕвезда на нивната листа на желби.
Според „Скај Спортс њуз“, првите контакти се веќе направени околу можен летен трансфер. Сепак, францускиот репрезентативец наводно е целосно фокусиран на тековната сезона со ПСЖ, по што ќе се посвети на Светското првенство. Тој призна дека неговата цел е да ја освои титулата на Мундијалот во Северна Америка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

