Италијанскиот „Кориере дела сера“ тврди дека тенискиот календар би можел да претрпи голема промена за помалку од две години. Познатиот весник од Милано тврди дека веќе во 2025 година Саудиска Арабија, најверојатно Ријад, би можела да биде домаќин на АТП Мастерс 1.000 турнир.
А тоа во интервју го вели никој друг туку претседателот на Италијанската тениска федерација, Анџело Бинаги.
„Се обидувам да го убедам Андреа Гауденци, претседателот на АТП, дека тенисот не е како другите спортови. Саудиска Арабија може да биде многу атрактивен пазар. Очекувам дека нивната глад за тенис ќе се смири кога ќе добијат Мастерс 1.000 турнир во јануари 2025 година, можеби и ВТА 1.000 турнир. Од таму ќе почне сезоната. Тоа ќе биде вистинска револуција“, изјави Бинаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

