Саудиска Арабија наскоро добива трка во Формула 1 шампионатот, пренесуваат светските медиуми. Преговорите меѓу Саудиска Арабија и ФИА се во завршна фаза и се очекува оваа арапска земја од 2021 да има трка во најбрзиот циркуз во светот.
По големите награди на Бахраин и ОАЕ, Саудиска Арабија ќе стане само третата земја од тој дел на светот каде се вози Ф1 трка. Саудијците планираат патеката да ја направат во близина наградот Џеда, а дозвола за одржување на трката ќе ги чини 50 милиони долари годишно.
Организацијата на трката и трошоците околу неа ќе ги обезбеди најголемата нафтена компанија на Персијкиот залив, Арамко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА