Саудиска Арабија домаќин на Мундијалот во 2034 година!

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство 2034 година, потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Денеска беше последен ден за аплицирање за домаќинство на Мундијалот за 11 години, и остана само апликацијата на Саудиска Арабија, откако претходно Австралија се повлече од трката. Така Саудијците останаа без конкуренција.

Ќе биде тоа вторпат во 12 години да се игра Мундијалот на Блискиот исток, откако лани Светското првенство се играше во Катар.

„Ниту еден друг спорт не го спојува светот како фудбалот. Светското првенство е совршен излог за да се испрати порака на единство и инсклузивност. Различните култури може да бидат заедно“, рече Инфантино во соопштението.

Следниот Мундијал во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, додека во 2030 година Шпанија, Португалија и Мароко, заедно со Аргентина, Парагвај и Уругвај ќе бидат домаќини на СП. Во Аргентина, Парагвај и Уругвај ќе се одигра само по еден еден натпревар. Целта е да се одбележат 100 години од одржувањето на првиот Мундијал во 1930 година во Уругвај.

Се вчитува...