Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека следното Светското клупско првенство ќе се одржи во Саудиска Арабија на крајот на оваа година. Светското клупско првенство ќе се игра од 12. до 22. декември, а домаќин ќе биде Саудиска Арабија.
ФИФА одлуката ја донесе на состанокот одржан денеска.
„Благодарни сме на ФИФА што ни укажа да организираме ваков голем и исклучителен настан. Саудискиот фудбал напредува неверојатно, во моментов имаме повеќе пријавени играчи од сите возрасти од кога било досега, имаме повеќе квалификувани тренери, повеќе обучени и квалификувани судии, подобро управување и посилна лига. Иднината е светла и овој турнир ќе биде дополнителна причина да се оди напред, особено кога размислуваме кои тимови и кои играчи ќе играат во него“, изјави претседателот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер ал-Мишекхал.
Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азискиот куп во 2027 година, две години подоцна ќе биде домаќин на Азиските Зимски игри, а Ријад ќе биде домаќин на Азиските игри во 2034 година. Се очекува и кандидатура за Олимписките игри во 2036 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

