Саудиска Арабија не попушта: Нема алкохол на СП 2034!

Одлуката на ФИФА, Светското првенство во 2034 година да се одржи во Саудиска Арабија наиде на серија критики од фудбалската јавност, пред се поради кршењето на човековите права во оваа земја, но и поради зимскиот термин кој го нарушува календарот.

Уште едно незадоволство за навивачите е тоа што Саудиска Арабија не планира воопшто да попушти околу забраната за алкохол во земјава за време на Мундијалот.

За разлика од шампионатот во Катар, каде алкохолот беше достапен во хотелите и кафулињата, Саудиска Арабија е многу поконзервативна, и алкохол ќе нема буквално никаде, со оглед на тоа што е забранет од 1952 година.

Англиските медиуми информираат дека и ФИФА нема да врши притисок врз домаќините да го променат законот. Фановите коментираат дека на ФИФА и се единствено важни парите кои ќе ги добие со организацијата во Саудиска Арабија, но не и се важни и навивачите.

Се вчитува...