Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, не го купува Манчестер јунајтед. Демантот стигна од кралството во официјална изјава на министерот за информации. Шпекулациите за можното преземање се проширија изминатиов викенд, а се тврдеше дека принцот ќе плати 3,8 милијарди фунти и ќе го купи клубот од „Олд Трафорд“.
„Тврдењата дека принцот Мохамед Бин Салман го купува Манчестер Јунајтед се комплетно неточни. Манчестер Јунајтед одржа состанок со саудискиот инвестициски фонд за евентуално спонзорство, но договор не беше постигнат“ – се вели во официјалната информација од министерот објавена на Твитер.
Клубот во октомври минатата година се повлече од форумот за инвестиции во Саудиска Арабија поради нерасчистеното убиство на новинарот Џамал Кашоги.
Американските сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, клубот го презедоа во мај 2005 година за 790 милиони фунти. Нивната позиција е дека не се заинтересирани за продажба.
Манчестер Јунајтед е третиот најбогат клуб во светот, зад Реал Мадрид и зад Барселона. На њујоршката берза вредноста на клубот се проценува на четири милијарди евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА