Саудискиот принц порачува: „Не се летајте по Меси, ниту од далеку не е блиску до Роналдо“

По Кристијано Роналдо кариерата во Саудиска Арабија би можел да ја продолжи и Лионел Меси. Ал Хилал му нуди договор за паметење вреден 220 милиони евра по сезона.

Саудијците сонуваат во својата лига да ги имаат двете икони на светскиот фудбал. Ал Хилал планира ангажманот на Меси да го заврши со помош на државата. Политичките структури мора да помогнат во вакви случаеви, а таков беше случајот и со доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Но, поранешниот претседател на Ал Хилал, Абдулах бин Мусаед смета дека доаѓањето на Меси во клубот не би го надминал тоа што Ал Наср го направи со доведувањето на Роналдо.

„Ако Меси дојде во Ал Хилал, клубот не би го надминал тоа што медиумски го направи Ал Наср со Роналдо. Затоа не се летајте многу“ – убеден е принцот Бин Мусаед, алудирајќи дека Роналдо е многу поголема „фаца“ во светот на маркетингот.

Се вчитува...