Саудиjците го суспендираа Роналдо, а многу го загрижија и со „казна“ од 5.500 евра

Дисциплинската комисија на првенството на Саудиска Арабија го суспендираше Кристијано Роналдо на два натпревари во тамошното првенство и му изрече казна од 5.500 евра поради лудувањето на натпреварот против Ал Хилал во полуфиналето од Суперкупот.

Во обид што побрзо да стигне до топката при еден аут, Португалецот ги загуби живците и влезе во конфликт со противнички играч притоа удирајќи го со лакт. За овој потег доби директен црвен картон, но неговото саркастично однесување не запре.

Роналдо му ракоплескаше на судијата, а при излегувањето од теренот покажа на судијата и од публиката побара аплауз за него.

Се вчитува...