Саудиците на фудбалски трансфери потрошија двојно помалку од претходната сезона

Откако потроши речиси милијарда долари со цел привлекување на ѕвездите во своето скромно фудбалско првенство, Саудиска Арабија оваа година го преполови износот издвоен за трансфери.

Износот издвоен за спектакуларните трансфери на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте, Садио Мане, Нејмар… опадна од 957 милиони долари на 431 милион долари издвоени во последниот трансфер рок.

Со тоа од првенството кое беше на второто место кога станува збор за потрошувачката во светот, веднаш зад Премиерлигата, саудиското првенство падна на шестото место зад најсилните европски првенства.

Се вчитува...