Саудијците „намерачија“ четворица фудбалери на Реал Мадрид, еден од нив е и Модриќ

Престојното лето се очекуваат нови европски заминувања во Саудиска Арабија, а не се исклучува можноста дел од нив да бидат од редовите на Реал Мадрид, откриваат шпанските медиуми.

Богатите клубови од егзотичното првенство Ал Наср, Ал Итихад, Ал Халил и Ал Ахли на радарот имаат четири фудбалери на „кралскиот клуб“ пред кои ќе бидат ставени понуди кои Шпанците не можат да ги понудат. Станува збор за Лука Модриќ, Начо, Васкез и Менди.

Договорите на Модриќ, Начо и Васкез истекуваат на крајот на сезоната по што Хрватот и двајцата Шпанеци ќе можат да заминат од главниот град на Шпанија како слободени агенти, додека договорот на Менди истекува на крајот на 2025 година и доколку Реал Мадрид сака да заработи од неговото заминување ќе даде „зелено светло“ ова лето.

Наведената четвртока ќе добие можност за долгогодишна соработка со подобра заработка од онаа која може да ја понуди Реал Мадрид.

Се вчитува...