Саул се враќа во Атлетико Мадрид

Шпанскиот фудбалер Саул Нигез се враќа во таборот на Атлетико Мадрид, откако заврши позајмицата во Челси, објавија лондонските „сини“.

Шпанецот како позајмен минатото лето пристигна во Лондон, и одигра 23 натпревари, од кои на 12 беше стартер. Но, не ги оправда очекувањата од стручниот штаб па така се враќа во Мадрид.

Саул веќе се заблагодари за соработката со Челси. Сега останува Атлетико да одлучи за неговата иднина. Не е исклучена нова позајмица, па дури и продажба во друг клуб. Тој има договор со Атлети до 2026 година.

Се вчитува...