Доскорашниот тренер на Рома, Иван Јуриќ ќе биде нов предводник на Саутемптон. Според „Скај“, Хрватот потпишал договор на 18 месеци, со опција за раскинување на лето, ако тимот испадне од Премиерлигата. Во спротивно, ако опстанат, тогаш автоматски ќе биде продолжен на уште две.
Јуриќ минатиот месец доби отказ од Рома, откако имаше само 12 натпревари на чело на „Волчицата“. Тој ќе го замени Расел Мартин, кој бепе отпуштен по тешкиот пораз од Тотенхем. Ова ќе биде прв предизвик во Англија.
Се очекува официјално Јуриќ да биде промовиран, но нема да го води тимот против Фулам во недела на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА