Саутемптон го елиминираше Манчестер Сити во Карабао Купот

Саутемптон се пласираше во полуфиналето од Карабао Купот откако славеше против Манчестер Сити со 2-0.

Мара го отвори мечот со гол во 23. минута, а предност од 2-0 донесе Днепро кој стрелаше во 28. минута.

„Граѓаните“ до крајот на мечот се обидоа да стигнат до гол, но не успеаја да ја затресат мрежата на Базану.

Во полуфиналето се пласираше и Нотингхем Форест кој славеше со 2-1 против Вулверхемптон по изведување на пенали. Боли и Хименез беа стрелците на головите во регуларниот дел од мечот.

Се вчитува...