Англискиот премиерлигаш Саутемптон се раздели со својот досегашен менаџер Клод Пјуел, по само една година на кормилото на „светците“. Тој дојде минатото лето како наследник на Роналд Куман, кој се пресели во Евертон, но си заминува по само една сезона.
Раководството на клубот оцени дека Пјуел не е веќе вистинскиот избор, посебно по некои несогласувања за политиките што ќе се водат во наредниот период. Саутемптон е клуб кој речиси редовно ги распродава своите најдобри фудбалери и така дополнително ја полни клупската каса, а Пјуел побара од челниците да не ги продаваат дефанзивецот Вирџил Ван Дајк и играчот за врска Душан Тадиќ. Но, тоа едноставно не е можно, Саутемптон не сака да ја промени сегашната стратегија, па се раздели со менаџерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА