Англискиот премиерлигаш Саутемптон одлучи да го отпушти досегашниот менаџер Маурицио Пелегрино. По поразот од Њукасл (3-0) на гости, раководството на клубот реши да му даде отказ на Пелегрино. Раскината е соработката и со неговите асистенти Карлос Компањучи и Хаџиер Тамарит.
Од Саутемптон најавија дека во најбрзо време ќе именуваат нов менаџер, кој ќе го води тимот во битката за опстанок во Премиер – лигата. „Светците“ во моментот се наоѓаат на 17.позиција на табелата, веднаш над опасната зона за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА