Вил Стил повеќе не е тренер на англискиот второлигаш Саутемптон. Оваа информација ја сподели клубот на социјалните мрежи заблагодарувајќи му се за напорот кој го даде за крај на негативните резултати кои започнаа уште минатата сезона.
Стил го превзема Саутемптон во месец мај пред самиот крај на сезоната 2024/25, но не успеа да донесе позитивни резултати во Чемпионшипот. „Светците“ се на 21. место на табелата со само 12 освоени бодови.
Клубот во следниот период ќе биде предводен од Тонд Екерт, тренерот кој досега го водеше тимот до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

