Саутемптон го посакува Стивен Џерард за нов тренер

Стивен Џерард би можел повторно да работи во Англија, пренесуваат островските медиуми.

Саутемптон дефинитивно испадна од Премиерлигата по поразот од Тотенхем во последното коло, по што го отпушти тренерот Иван Јуриќ.

Остануваат уште седум кола до крајот на сезоната во кои тимот како привремено решение на клупата ќе го води Симон Рајск, додека управата на клубот веќе бара трајно решение.

Името на Стивен Џерард се споменува како еден од кандидатите за преземање на тимот од јуни. Познатиот фудбалер и сега тренер е без работа откако ја заврши мисијата во Ал-Етифак во Саудиска Арабија.

Џерард пред тоа работеше како тренер во младинските тимови на Ливерпул, потоа првите екипи на Ренџерс и Астон Вила, пред да замине во Саудиска Арабија.

Се вчитува...