Саутемптон го постави Ралф Хасенхатл за нов менаџер

Англискиот премиерлигаш Саутемптон го именува Ралф Хасенхатл за нов менаџер, откако пред два дена се раздели со Марк Хјуз поради слабите резултати на тимот во досегашниот тек од сезоната во Премиер – лигата. Австрискиот стратег кој до минатата сезона го предводеше Лајпциг, потпиша договор на две и пол години со раководството на клубот.

„Ралф Хасенхатл ме восхити уште на првата средба со својата глад за докажување во Премиер – лигата. Се надевам дека е вистинскиот избор и дека тимот со него во иднина ќе бележи многу подобри резултати. Нашата визија за развојот на клубот е идентична и верувам дека ќе успееме да ја реализираме“, изјави претседателот на Саутемптон, Ралф Кругер.

На вечерашниот меч против Тотенхем, тимот на Саутемптон ќе го предводи асистентот Келвин Дејвис.

Се вчитува...