Саутемптон е на прагот да се врати во Премиерлигата, откако „светците“ го совладаа Вест Бромвич Албион со 3-1 во реваншот од плеј-офот (првиот меч заврши 0-0) и закажаа дуел со Лидс на „Вембли“ за враќање во елитните редови на англискиот фудбал.
Одлуката беше донесена во вторите 45 минути бидејќи првото полувреме заврши без голови. Смолбон го отвори резултатот за гостите во 49. минута, а потоа на сцена стапи Адам Армстронг.
Најпрвин во 78. минута ја удвои предноста на домашните, а потоа од пенал две минути подоцна потврди премин во финалето на плеј-офот. Претходно, Лидс го елиминираше Норич, откако во реваншот славеше со 4-0, а првиот меч беше 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА