Саутемптон сака да го откупи Албанецот од Челси за 25 милиони фунти

Саутемптон ја разгледува можноста да го откупи албанскиот интернационалец од Челси Армандо Броја за 25 милиони фунти. Во скоро време тимот од „Сент Мери“ ќе почне преговори за ангажман на фудбалерот, кој во моментов настапува во Саутемптон како позајмен.

Позајмицата истекува на крајот од сезоната, нема право на откуп, па сега Саутемптон ќе бара од Челси да ја одреди цената.

Од друга страна Тухел многу го цени Броја, и тешко дека ќе се одлучи да го продаде, особено не за толку мала сума. Броја сезонава постигна 5 гола на 18 натпревари во Премиер-лигата.

Се вчитува...