Англиски Саутемптон повторно силно се активира во обидот во јануари во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пишува „Дејли Рекорд“.
Интерес за Миовски во сезоната во која игра извонредно во дресот на шкотски Абердин, покажуваат и Селтик но и уште неколку клубови од англиската Премиерлига, но засега најзагреан е Саутемптон на кого Миовски му е неопходен пролетва за враќање во најсилната лига во Англија.
Од Абердин не инсистираат на задолжително продавање на македонскиот напаѓач оваа зима, но би го ослободиле Миовски за минимална отштета од 6 милиони фунти.
Како што е познато, Миовски во Абердин од МТК Будимпешта пристигна за 650.000 евра, а за само две сезони во Шкотска неговата цена порасна најмалку за десет пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

