Англиската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство во Германија откако во четвртата минута од судиското продолжение успеа да се спаси од бламажа, а потоа во продолжението и да стигне до целосен пресврт против Словачка за конечни 2-1.
Херојот од регуларниот дел од средбата беше Џуд Белингем. Младиот фудбалер со „ножички“ во 94. минута донесе изедначување на големо задоволство на Англичаните.
По натпреварот селекторот Герет Саутгејт откри дека размислувал да го извади херојот од игра…
„Горд сум на овие играчи за духот кој го покажаа. Сите кои настапија помогнаа да се пласираме понатаму и тоа направи голем разлика. Белингем? Фантастичен е. Размислував дали да го заменам, но знаете дека тој е способен за вакви моменти. Кејн е исклучително добар голгетер, беше фантастичен како капитен и ни помогна да ја задржиме стабилноста“, изјави Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА