Шпанија по четврти пат или Англија за прв пат во историјата на европските фудбалски првенства, е прашањето на кое ќе се одговори во главниот град на Германија, а за селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт тоа е втора можност да се „врати фудбалот дома“.
Промашениот пенал на Саутгејт (од ерата кога и самиот беше играч) и донесе на Англија пораз во полуфиналето на ЕП во 1996 година од актуелниот домаќин на турнирот – Германија, а на минатиот шампионат на домашен терен како тренер загуби во финалето од Италија.
Сега како тренер, Саутгејт има нова шанса да го прекине скоро 60-годишниот пост на нацијата која е колевка на најважната споредна работа во светот.
„Од почетокот се обидовме да го промениме нашиот начин на размислување за тоа, да бидам поискрен за тоа кои сме навистина како фудбалска нација. Во финалето немам никаков страв од нешто што би можело да се случи, бидејќи досега поминавме се. Сакам играчите да го почувствуваат тој недостаток на страв. Затоа што ако немаме страв од пораз, имаме многу поголеми шанси за победа“, вели Саутгејт.
Натпреварот кој ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Берлин е закажан за 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА