Саутгејт: Англија може да го освои Светското првенство

Герет Саутгејт верува дека Англија може да го освои Светското првенство, но истакнува дека за тоа мора да одигра речиси совршен турнир. „Гордиот Албион“ играше во полуфиналето на планетарното првенство во 2018 година, а минатото лето стигна до финалето на Европското првенство.

Селекторот на Англија потенцираше дека ќе биде тешко, но најави дека неговите фудбалери се мотивирани и секоја препрека ќе ја прифатат како предизвик.

„Му кажав на тимот дека ако можеме да стигнеме до полуфинале, можеме да стигнеме до финалето. Ако веќе стигнеме до финалето, тогаш можеме да ја освоиме титулата. Ќе биде исклучително тешко и ќе мора да одиграме речиси совршен турнир. Тоа ќе биде предизвик за нас, не само во Катар, туку и пред почетокот на натпреварувањето … Знаеме дека бележиме добри резултати во последните години и мислам дека сме еден од тимовите кои можат да го освојат трофејот“, изјави Герет.

Со кого ќе игра Англија во групната фаза ќе се знае во петок по ждрепката. Извлекувањето на топки во Доха е закажано за 18 часот.

Се вчитува...