Саутгејт бара англиските фудбалери да добиваат вистинска шанса во Премиер-лигата

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ги повика менаџерите на премиерлигашките клубови да се одважат и  да бидат „доволно храбри“ за да им даваат можност во почетните тимови на младите англиски играчи. Ова беше првата порака што ја испрати Саутгејт по пристугнувањето на англиско тло од Мундијалот во Русија.

„Сега имаме играчи кои можат да стојат на соптвените две нозе во Премиер-лигата. Фудбалерите покажаа дека можат да играат против секоја европска и било која друга репрезентација“ – рече Саутгејт чиј состав заврши на четвртата позиција на Светското првнество откако по полуфиналниот пораз од Хрватска, го загуби и дуелот од бронзата од Белгија.

Саутгејт ја побара шансaта и за играчите од неговиот тим, но и за фудбалерите од помлaдите генерации особено што селекциите на Англија до 17 и до 20 години ги освоија светските титули, тимот до 19 години стана европски шампион, а репрезентацијата до 21 години беше полуфиналист на последниот контиентален собир.

„Имаме силна конкуренција и добра база, имаме млади играчи кои што ќе се развиваат низ следните години. Треба да ги туркаме напред. Ако успееме, влегувањето во сениорскиот состав ќе биде многу тешко“ – порача Саутгејт.

Англискиот селектор во Русија го поведе третиот најмлад состав во  88-годишната историја на светските првенства.

 

Се вчитува...