Саутгејт бара гаранции од Манчестер Јунајтед: Најмалку четири години договор

Ако Манчестер Јунајтед сака да го има Герет Саутгејт за нов тренер, тогаш ќе мора да потпишат долгорочен договор со него, односно на четири години.

„Сан“ пишува дека тоа биле барањата од доскорашниот англиски селектор, кој е фан токму на Јунајтед од мали нозе. Поради ова, доколку се раздели со Аморим, и почне преговори, Саутгејт ќе бара гаранции.

Тренерот сака да биде сигурен дека ќе биде долгорочно на клупата, затоа што сака долгорочни планови, и не сака да ја доживее судбината на изминатите неколку тренери, кои добиваа откази за брзо време.

Се вчитува...