Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари од ЕВРО квалификациите против Малта (17. ноември) и Македонија (20. ноември).
Иако Англија веќе го осигура своето место на самитот на најдобрите репрезентации на стариот континент, на овие два меча ќе настапи со најдобриот состав што го има.
Иако Џуд Белингем и Букајо Сака се здобија со повреди во настапите за своите тимови и тие се најдоа на списокот, што значи дека најдоброто што го има Англија ќе настапи на „Тодор Проески“ на 20. ноември.
Your #ThreeLions for their final camp of 2023! 💪
— England (@England) November 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА