Саутгејт: Играчите да бидат подготвени на „непријателската“ атмосфера во Црна Гора

Младите играчи на англиската фудбалска репрзентација да бидат подготвени за „непријателска атмосфера“ во Подгорица за време на вечерашниот евроквалфикациски натпревар со Црна Гора, предупредува селекторот Герет Саутгејт.

„Знам каква страст имаат навивачите за нивната репрезентација, тие му даваат значајна поддршка на националниот тим. Ние мора да бидеме дисциплинирани и да се фокусираме на она на што можеме да влијаеме“ – вели Саутгејт.

Во 2013 години, англиските репрезентативци на гостувањето во Подгорица се жалеа дека биле гаѓани како и дека биле вербално напаѓани. Англичаните квалфикациите за пласман на следното Европско првенство ги почнаа со убедлив тирумф над Чешка, додека Црна Гора одигра реми со Бугарија.

 

 

 

Се вчитува...