Само неколку недели по повлекувањето од селекторската функција на Англија, Герет Саутгејт веќе најде нова работа. Според новинарот Хенри Винтер, тој ќе биде технички набљудувач на УЕФА до крајот на сезоната, истата улога која ја има и поранешниот менаџер на Вест Хем, Манчестер Јунјатед и Евертон, Дејвид Мојс.
Нивните обврски ќе се состојат во присуство на натпревари и подготвување извештаи за нив од тренерска гледна точка. Овие набљудувања, во комбинација со употреба на видео и статистика, ќе ги користи УЕФА за да открие нови трендови во играта и со тоа да го подобри тренерското образование.
Според англиските медиуми преземањето на оваа обврска значи дека 53-годишниот Саутгејт не размислува за враќање на тренерската професија до крајот на оваа сезона. Во летото неговото име се поврзуваше со менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, но раководството на „црвените ѓаволи“ реши да го остави Ерик тен Хаг
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА