Саутгејт: Јас ги избрав изведувачите на пенали!

Италија ја порази Англија во финалето на Евро 2020, а селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт ја презема одговорноста за промашените пенали бидејќи тој ги бирал фудбалерите кои ќе ги изведуваат ударите од белата точка.

По поразот на Англија, Саутгејт кажа дека за неуспехот во финалето се виновни сите, а не поединци.

„Јас ги избрав пеналџиите врз основа на тоа што го видов на тренинг. Ние сме тим и одговорноста за вечерашниот дуел ќе ја преземеме заедно. Но, што се однесува до пеналите, тоа беше моја одлука и јас сум одговорен за тој дел“, заклучи Саутгејт.

Се вчитува...