Фудбалската репрезентација на Англија во последен миг успеа да стигне до победа (2-1) на стартот од Мундијалот во Русија, со голот на капитенот Хари Кејн во судиското продолжение од мечот. Селекторот Герет Саутгејт е задоволен од победата, но пред се од играта на гордиот Албион. Вели дека би бил задоволен, дури и ако Англија ремизираше.
„Создадовме многу шанси за погодок. Во првото полувреме имавме комплетна контрола на мечот, а сметам дека и во вториот дел бевме подобри. Бев многу горд на момците, гледајќи како играат. Ќе бев задоволен дури и ако не победевме. Знам дека го заслуживме успехот“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА