ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе и гостува на Англија во третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт вели дека Македонија е квалитетна репрезентација која не смее да биде потценета.
„Ја видовме Македонија со Украина како одигра еден час, имаат неколку играчи кои се одлични индивидуалци со извонредни индивидуални квалитети, кои играат во големо европски клубови, ама пред с Македонија е тим кој функционира добро. Македонија е селекција која има педигре од минатите квалификации, играа со Португалија во завршен меч за пласман на СП и нас не не чека меч како во петокот, туку меч кој е ниво погоре со многу поголем интензитет и квалитет и наше е да одиме на победа. Нас не чека тежок меч и ние сакаме тука да одиграме добар меч, сакаме да ги израдуваме навивачите. Не доаѓаме многу често на северот на Англија, па затоа ќе се потрудиме да им пружиме емоции и радост, знаеме каква е тука атмосферата. Целта е да играме добро, навивачите да бидат задоволни. Тие се извонредни, прават вистинска атмосфера и тоа е дополнителна возбуда и за фудбалерите. Секако, Македонија ќе сака добро да одигра затоа ќе мора да сме внимателни“, изјави Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА