Репрезентацијата на Англија со две победи ги почна квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија. Англичаните ја победија Италија на гостински терен, а потоа дома ја совладаа и Украина, и така одлично ја стартуваа кампањата.
Англија важи за фаворит во групата, особено сега кога ја совлада Италија, и се очекува да го обезбеди првото место. Англија во јуни ја чекаат дуели со Малта на гости и дома со Македонија, а Герет Саутгејт е многу внимателен пред тие два меча.
Саутгејт истакна дека е задоволен од стартот на квалификациите, а прашан дали ќе им даде шанса на некои други играчи на дуелите со Малта и со Македонија, тој кажа дека нема намера тоа да го стори, затоа што тоа би било потценување на двете селекции, а тоа, според него, би било грешка.
„Имавме одличен старт, задоволен сум. Но, гледам дека имаме простор за напредок. Играчите се многу задоволни и веруваат во себе. Верувам дека сме на добар пат. Во јуни не’ чека тешка задача. Малта и Македонија не се нималку наивен. Се лаже оној кој мисли дека тоа ќе бидат две однапред впишани победи. Ако рејтингот на селекциите не излаже и не влеземе максимално во било кој натпревар, ќе имаме проблеми. Секој меч ќе го гледаме како финале, само така ќе успееме во квалификациите“, рече Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА