Англија се пласираше во полуфиналето на ЕВРО 2024 по победата во пенал-серијата над Швајцарија на мечот во Дизелдорф.
Англичаните, повторно, како и на сите претходни натпревари низ „иглени уши“ доаѓаат до својата цел. Но, тоа според селекторот Герет Саутгејт е само потврда на карактерот на овој тим.
„Покажавуваме неверојатен карактер и отпорност. Ова не се нормални натпревари, ова се национални случувања со голем притисок. Од почетокот сме под огромен притисок. Не е лесно. Полуфиналето е успех, но не сакаме да останеме само на тоа. Ние се бориме и ќе продолжиме во тој стил, сакаме да го повратиме кредибилитетот на светската сцена“ – вели Саутгејт.
Англичаните во полуфиналето на 10. јули ќе играат против Холандија.
„Никогаш не сме биле во големото финале надвор од Англија, и никогаш не сме го освоиле европското првенство – тоа се два дела во историјата кои сакаме да ги исправиме“ – дополнува Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА